Сумарен извештај за Мобилни Гинеколошки Амбуланти за 2023 година
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, во соработка со Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Црвениот крст на РСМ, и Фондот за население на Обединетите Наци (УНФПА) по направеното мапирање и план со цел услугите на мобилната гинеколошка амбуланта да бидат пред се наменети за жени и девојки од социално-економските ранливи категори, жени и девојки кои живеат во тешко достапни области, и области каде што нема матичен гинеколог, во тек на 2023 година овозможија мобилните гинеколошки амбуланти да реализираат вкупно 60 теренски посети, преку кои беа опфатени 560 жени и девојки од општини во кои нема матичен гинеколог.
- Табеларен приказ на општини опфатени со МГА
| Општини: | 
| Македонска Каменица | 
| Богданци | 
| рурални области на општина Штип | 
| Кривогаштани и Долнени – прилепско | 
| Белчишта, општина Дебарца – охридско | 
| Маврово и Ростуше | 
| Берово | 
Покрај теренски посети во горенаведените општини, мобилните гинеколошки амбуланти им беа достапни на девојките и жени хоспитализирани во ЈЗУ Психијатриска Болница “Скопје” – Бардовци, Скопје, корисничките на услугите на Центарот за превенција и третман на болести и зависност од дрога и девојките и жени затворенички од Казнено поправната установо Идризово.
Притоа, од вкупниот број на прегледани пациентки најголем одзив имало кај пациентките на возраст од 51 до 60 години, или 30%.
Одзивот на младите девојки и жени на возраст од 15 до 30 години е околу 5%.
- Табеларен приказ на процентуална застапеност според возраст:
| Возраст: | Процентуална застапеност: | 
| 15-30 | 5% (29пациентки) | 
| 31-40 | 12,5% (70пациентки) | 
| 41-50 | 25% (138пациентки) | 
| 51-60 | 30% (172пациентки) | 
| 61-70 | 20% (110пациентки) | 
| > 71 | 7,5% (41пациентки) | 
1.1 Графички приказ на процентуална застапеност според возраст:
Од обработените брисеви од конвенционалниот ПАП тест, кај 21 девојка и жени е утврден наод на епителна клеточна абнормалност асоцирана со ХПВ вирусна инфекција (наод за низок степен на сквамозна интраепителна лезија – LSIL, (HPV, CIN 1 цервицит)), при што дадена е препорака за ХПВ типизација и понатамошни редовни цитолошки и колпоскопски прегледи на 4 до 6 месеци.
- Табеларен приказ на позитивни наоди и возраст
| Возраст: | Број на позитивни ПАП наоди: | 
| 15 до 30 години | 1 | 
| 31 до 40 години | 4 | 
| 41 до 50 години | 9 | 
| 51 до 60 години | 5 | 
| 61 до 70 години | 2 | 
| Вкупно: | 21 | 
1.2 Графички приказ на позитивни наоди според возраст:
