ШТО Е МОБИЛНАТА ГИНЕКОЛОШКА АМБУЛАНТА (МГА)?
МГА претставува специјализирано медицинско возило опремено за гинеколошки прегледи, со цел да се овозможи пристап на здравствени услуги до жени и девојки во рурални и маргинализирани заедници.
Пристап до превентивни здравствени услуги:
✅ Бесплатен гинеколошки прегледи
✅ ПАП тест
✅ Советување и едукација
✅ Пристап до превентивни здравствени услуги
Мобилната гинеколошка амбуланта започна со работа во декември 2021, како дел од проектот „Безбедни и иновативни услуги за време на Ковид-19“, поддржан од:
– Министерството за здравство
-Македонското лекарско друштво
– UNFPA – Фонд за население на ОН
Од 2022г. Амбулантата стана дел од националната програма за рана детекција на малигни заболувања, со фокус на превенција на рак на грлото на матката.
Проектот е пример за успешна координација меѓу:
– Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје
– Македонско лекарско друштво
– Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари
– Црвен крст на РС Македонија

Активности во 2025
Со поддршка на dm drogerie markt, беа спроведени 16 теренски активности со вкупно
191 прегледани жени и девојки
Посетени места: Крушево, Бучин, Алдинци, Пресил, Норово, Светомитрани, Кривогаштани, Македонски Брод, КПУ Идризово, ХОПС – сексуални работнички
На жените им беше спроведена анонимна анкета за менструалното здравје и хигиена. Податоците од анкетата се прикажани подолу во текстот.
Превенција и ПАП тест
Редовниот гинеколошки преглед и навремениот ПАП тест претставуваат клучни алатки за рано откривање на промени на грлото на матката. Во рамките на теренските активности на мобилната гинеколошка амбуланта, на сите пациентки им беше понуден ПАП тест – едноставна, безболна и високо ефикасна метода за скрининг на премалигни и малигни состојби.
Кај три пациентки, на просечна возраст од 42 години, беше детектирана лесна интраепителна неопластична лезија (CIN 1) поврзана со HPV инфекција – што е пример за важноста на редовната проверка и можноста за рана интервенција.
Главни заклучоци:
ПАП тестот е најефикасен кога се изведува редовно, на секои 1-3 години според возраста и ризикот.
Многу жени, особено од маргинализирани заедници, немаат пристап до овие услуги.
Скринингот овозможува навремено откривање и спречување на цервикален карцином.
Препораки:
– Да се зголеми информираноста за важноста на редовен ПАП тест.
– Да се обезбеди бесплатен и пристапен скрининг за сите жени, без оглед на нивната социјална или географска положба.
– Да се едуцираат жените за значењето на HPV инфекцијата и нејзината поврзаност со карциномот на грлото на матката.
– Да се воведат редовни теренски активности и во заедниците каде нема матичен гинеколог.
Со редовно спроведување на ПАП тестови на терен, особено кај жени кои долго време не посетиле гинеколог или никогаш не направиле скрининг, оваа амбуланта значајно придонесува за рана детекција на цервикалните промени и превенција од рак на грлото на матката.
Овие резултати испраќаат силна порака – раното откривање не е привилегија, туку право, а превенцијата мора да биде достапна за сите.
Поддршката за вакви мобилни модели е инвестиција во едно поздраво, поеднакво и поодговорно општество.
Анкета: Менструално здравје и хигиена
🔹 Просечна возраст: 52 години
🔹 Образование:

🔹 Првата менструјација во просек ја добиле на 13 годишна возраст
🔹 Редовност на менструалниот циклус

🔹 Симптоми за време на менструацијата
– мигрена, болки во нозе, главоболка, болки во дојки

🔹 Дали имаат матичен гинеколог:

🔹 Консултација со матичен гинеколог или лекар за менеструални тегоби

🔹 Производи за менструална хигиена:
Друго: Вата, влажни марамици и памук

🔹 Приватност за промена на менструалните производи

🔹 Дали сте се соочиле со потешкотии во пристапот до менструални хигиениски средства?
Припадничките од КПУ Идризови немаат доволно хигиенски менструални влошки

🔹Од каде сте добиле информации за менстуралното здравје:

🔹Дали имате доволно информации за менстуралното здравје:

🔹 Дали сте посетиле едукација за менстуралното здравје:

🔹 Дали сте се почувствувале засрамено да зборувате за менструација?

🔹 Потреби и предлози:
- Едукација на млади
- Подобрен пристап до средства
- Работилници и поддршка во училишта
Менструално здравје – зборувај, прашај, научи!
Грижа, едукација и поддршка за секоја жена и девојка
Менструација е физиолошки процес кај жените во репродуктивна возраст. Здрав циклус значи: редовна менструација, без болки што го нарушуваат секојдневието, без прекумерно крвавење. Гинеколошки преглед еднаш годишно е препорачан.
Недостатокот на пристап до основни хигиенски производи, безбедни санитарни услови и соодве33тна едукација за менструалното здравје претставува реална пречка за физичката, менталната и социјалната благосостојба на многу жени. Овие предизвици можат да доведат до занемарување на здравјето, избегнување на медицински прегледи, па дури и до прекин на работни или образовни обврски.
Хигиенските средства не се луксуз – тие се потреба
Многу девојки и жени во Северна Македонија, особено оние во затворени институции или без стабилна финансиска поддршка, се соочуваат со тешкотии при набавка на влошки, тампони или менструални чашки. Во некои случаи, недостатокот од приватни и чисти санитарни услови дополнително ја отежнува менструалната грижа.
Едукацијата е клучна
Сè уште постојат генерации кои добиваат информации за менструацијата преку неформални извори – најчесто од мајки, баби или сестри. Формалното сексуално и репродуктивно образование често изостанува, а темите за менструалната хигиена и здравје ретко се обработуваат отворено и научно.
Само преку системска едукација, на училиште и во заедницата, можеме да изградиме здрави навики, да го намалиме срамот и да обезбедиме здравствени услови за секоја девојка и жена.
Време е за менструална правда
Промената почнува со признавање на менструалното здравје како дел од човековите права. Потребно е:
- достапни и бесплатни хигиенски средства во училиштата и јавните установи
- поддршка за девојчиња и жени од маргинализирани групи
- континуирана едукација на медицински и образовен кадар
- охрабрување на отворена дискусија за менструацијата без стигма
Мобилната гинеколошка амбуланта е токму тоа – чекор кон еднаквост и грижа, достапна за сите жени, без разлика каде живеат или во какви услови. Затоа продолжуваме со работа, образование и поддршка – затоа што здравјето не смее да зависи од адресата, етничката припадност или економската состојба.