Почитувани колеги,
На ден 14 јуни (сабота) ќе се одржи работилницата „Целна обука за улогата на здравствените работници во мулти-секторскиот пристап при родово базирано насилство врз жените и семејно насилство“, организирана од МАГО и МЛД, е акредитирана со 8 бодови во ЛКРСМ и е поддржана од УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации и Британска амбасада во Скопје. Таа има за цел да ги зајакне капацитетите на здравствените работници за препознавање, проценка и соработка во справувањето со родово базираното и семејното насилство.
Линк за регистрација: https://forms.gle/Lm115iBbbboiRmEJA
Датум: 14.06.2025
Локација: Public Room, Скопје
Агенда
09:00 – 09:15 Регистрација и кафе за добредојде
09:15 – 09:20 Поздравни обраќања
- Поздравно обраќање од УНФПА
09:20 – 09:30 Вовед и претставување на активностите на обуката и само евалуација пред обуката
Модул 1: Родова еднаквост, родови улоги и насилство врз жени
09:30 – 10:15 Родово разбирање на НВЖ, дефиниции и истражувања
Предавач: Нермина Факовиќ – сертифицирана обучувачка за РБН, Министерство за Здравство на РСМ
Модул 2: Облици на родово базирано насилство врз жените
10:15 – 11:00 Нормативна рамка : Физичко и сексуално насилство и Психолошко и економско насилство
Предавач: Џемиле Алили – сертифицирана обучувачка за РБН, Министерство за Здравство на РСМ
11:00 – 12:00 – Вежби
12:00 – 12:45 – Ручек
Модул 3: Превенција и откривање
12:45 – 13:30 Препознавање и знаци на насилство врз жените
Предавач: Диана Додевска – сертифицирана обучувачка за РБН, Министерство за Здравство на РСМ
13:30 – 14:15 Последици од НВЖ и препознавање на траума
Предавач: Диана Додевска – сертифицирана обучувачка за РБН, Министерство за Здравство на РСМ
14:15 – 14:30 – Кафе пауза
Модул 4: Сигурност и заштита на жртва
14:30 – 15:15 Поставување на жртвата во центарот на интервенцијата
Предавач: м-р Наде Тофоска – сертифицирана обучувачка за РБН – социјална работничка на УК ГАК Скопје
15:15 – 16:00 Идентификација и проценка на ризик
Предавач: Нермина Факовиќ, Џемиле Алили, Диана Доковска
16:00 – 16:30 Институционален одговор на НВЖ -планирање на безбедноста, упатување
и соработка
Предавачи: Нермина Факовиќ, Џемиле Алили, Диана Доковска
16:30 – 17:00 Евалуација на знаењата и завршни зборови
