„Работилница за скрининг и дијагностика на нарушувањата на менталното здравје во претконцепциски и перинатален период“

01 јуни 2025

Почитувани колеги,

Со особена чест би сакале да Ве информираме дека пред почеток на летните одмори МАГО ќе реализира две работилници.

Првата ќе биде на ден 9 јуни „Работилница за скрининг и дијагностика на нарушувањата на менталното здравје во претконцепциски и перинатален период“. Работилницата ќе биде одржана од страна на Проф. Д-р Славица Арсова – психијатар, Проф.д-р Ирена Алексиоска Папестиев – гинеколог и Проф. Д-р Стојан Бајрактаров – психијатар. 

А втората ќе биде на 14 јуни од 09ч во Јавна Соба (Public Room) во Скопје на тема Родово базирано насилство – за која ќе добиете информации во текот на следната седмица.

Работилниците се аредитирани во МЛД и ЛКРСМ со по 8 бодови секоја, а се поддржани од Фонот за Население на Обединети Нации – УНФПА

Регистрирајте го вашето учество најдоцна до 5 јуни на следниот линк https://forms.gle/Lm115iBbbboiRmEJA

АГЕНДА
09 јуни 2025, Хотел Холидеј Ин-Скопје
14:45-15:00Пристигнување и регистрација
15:00-15:15Отворање на работилницатаПроф. д-р Глигор Тофоски
15:15-16:15Модул 1 – “Вовед во перинатално ментално здравје”Проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев
16:15-17:15Модул 2 – “Принципи на грижата за менталното здравје на жените во перинаталниот период”Проф. д-р Славица Арсова Порф. д-р Стојан Бајрактаров
17:15-17:45Кафе пауза
17:45-18:45Модул 3 – “Третман на ментални растројства во перинатален период”Проф. д-р Славица Арсова Порф. д-р Стојан Бајрактаров
18:45-19:15Дискусија и практична работаПроф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, Проф. д-р Славица Арсова
19:15Коктел