Нов прирачник за здравствени работници: Прирачник за сексуално и репродуктивно здравје на лицата со попреченост

Почитувани колеги и колешки, 

Со особена гордост Ви ја најавуваме објавата на новиот Прирачник за сексуално и репродуктивно здравје на лицата со попреченост, подготвен од Македонската асоцијација на гинеколози, опстетричари во соработка со Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и Британска Амбасада во Скопје.

Овој прирачник претставува значаен чекор кон обезбедување инклузивна здравствена грижа и афирмација на сексуалните и репродуктивните права на лицата со попреченост. Тој е наменет за здравствените професионалци, со цел да им помогне во препознавањето на бариерите, унапредување на пристапот до услуги, и обезбедување достоинствена и пристапна грижа.

Прирачникот содржи:

  • Преглед на релевантното национално и меѓународно законодавство;
  • Преглед на специфичните бариери со кои се соочуваат лицата со попреченост при пристап до СРЗ услуги;
  • Практични совети за создавање инклузивни здравствени установи и услуги;
  • Препораки за унапредување на клиничката пракса и поддршка при бременост, породување и менопауза;
  • Насоки за комуникација со пациенти со различни видови попреченост.

Зошто е важен овој прирачник?
Истражувањата и искуствата покажуваат дека лицата со попреченост, особено жените, се меѓу најмаргинализираните групи кога станува збор за пристап до сексуално и репродуктивно здравје. Преку овој прирачник, МАГО ја поддржува заложбата за рамноправност, недискриминација и пристапност во здравствениот систем.

Прирачникот е достапен на следниот линк: