Работна верзија на Водич за перименопауза – скрининг, дијагноза и третман за здравствени работници и соработници

Информација до докторите

На сесијата на МАГО во рамки на XXI Конгрес на МЛД, беше претставен првиот Водич за перименопауза – скрининг, дијагноза и третман за здравствени работници и соработници изработен во соработка со ХЕРА, по што следеше панел дискусија на оваа тема.

Согласно договореното, Ве замолуваме сите доктори кои сакаат да дадат коментар или предлог за Водичот да го испратат најдоцна до 24 септември 2025 на e-mail: mkd.mago@gmail.com.

Линк до Водичот: Преземи тука

По овој рок, доколку нема дополнителни коментари, ќе започне процесот на лекторирање и дизајнирање на Водичот.