
„Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“
Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.
Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски, социјален, етнички или расен статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.
Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.
Проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.
За хотел и конференциска сала за одржување на обука за обучувачи (ToT) – Скопје
Во рамки на проектот, се објавува повик за доставување понуди за обезбедување хотелско сместување и конференциска сала за одржување на обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT).
1. Опис на услугата
Потребно е обезбедување на следните услуги:
- Датуми: 26, 27 и 28 април 2026 година
- Сместување:
- 16 полни пансиони
- 2 ноќевање (26–28 април)
- 16 полни пансиони
- Конференциска сала:
- Сала со соодветен капацитет за одржување на обука
- Опремена со проектор или телевизор
- Соодветно осветлување, озвучување и климатизација
- Сала со соодветен капацитет за одржување на обука
- Кетеринг услуги:
- 2 кафе паузи по ден за сите учесници
- Вода за време на сесиите (х 2 за секој учесник по ден)
- Цена за ручек по лице со безалкохолен пијалок (за лица кои не се сместени во хотелот, најмногу 9 лица)
Обуката ќе се реализира во затворен простор и ќе следи стандардна агенда за професионална едукација.
2. Период и времетраење
- Обука во траење од три (3) дена
- Активности во текот на целиот ден, согласно програмата на организаторот
3. Понуда и финансиски услови
Понудата треба да содржи:
- Цена по лице за полн пансион со вклучен безалкохолен пијалок за време на ручек и вечера.
- Цена за користење на сала
- Цена за кафе паузи
- Вкупна цена (со ДДВ)
- Попишан Изјавата за отстуство на судир на интереси. Изјавата може да ја превземете од следниот линк
- Тековна состојба од фирмата
Потребната документација да се достави по електронска пошта на адресата contact@agom.org.mk или mkd.mago@gmail.com, со назнака: „Повик за изнајмување на сала и хотелско сместување за ТоТ – проект „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“: Рок за аплицирање до 19.03.2026 година
