Со особена чест Ве покануваме да присуствувате на стручниот состанок во рамките на Неделата на женско здравје посветен на исклучително важна јавно-здравствена тема – вакцинацијата против грип кај ризичните групи во Република Северна Македонија во организација на Здружени на епидемиолози, а со поддршка на МАГО.
🗓 Датум: 16 мај 2025 година
🕒 Време: 15:00 часот
📍 Локација: Голема сала на Деканатот на Медицински факултет – Скопје
Настанот е акредитиран од ЛКРСМ, сертификатите ќе бидат поделени на состанокот.
Настанот ќе обедини врвни стручњаци од областа на јавното здравје, инфектологијата, примарната здравствена заштита и гинекологијата, кои ќе ги споделат своите искуства, научни сознанија и препораки поврзани со сезоната на грип 2024/25, со посебен фокус на заштитата на најранливите групи – хронично болни, постари лица и бремени жени.
🔹 Регистрација на учесници: од 15:00 часот
🔹 Следат шест стручно-научни излагања и дискусија
15.00-15.30 | Регистрација |
15:30-15:35 | Вовед – Вакцинација против грип во Р.С. Македонија Д-р спец. Кристина Ставридис, Институт за јавно здравје на Р.С. Македонија |
15:35-15:50 | Инфлуенца – искуства и препораки Проф. д-р Марија Цветановска, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје |
15:50-16:05 | Надзор на грип во Р.С.Македонија во сезона 2024/25 Ас. спец. д-р Драган Кочински, Институт за јавно здравје на Р.С.Македонија |
16:05-16:20 | Индикации, контраиндикации за вакцинација против грип на ризични групи Проф. д-р Катарина Ставриќ, Центар за семејна медицина, Медицински Факултет УКИМ – Скопје |
16:20-16:35 | Вакцинација против грип кај бремени жени Ас. спец. д-р Елена Ѓоргиевска Николовска ГАК – Скопје |
16:35-17:00 | Прашања и дискусија |
Овој состанок претставува одлична можност за размена на знаење, унапредување на праксата и вмрежување со колеги од различни медицински дисциплини.
Ве очекуваме!