Почитувани колешки и колеги,
Со задоволство Ви го претставуваме новиот „Прирачник за постапување на здравствените работници како одговор на родово базирано насилство, вклучувајќи ги и лицата со попреченост“, развиен во соработка со Министерството за здравство и Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, во соработка со Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.
Овој прирачник е клучен ресурс кој на здравствените работници им овозможува подобро препознавање, постапување и поддршка на жртвите на родово базирано насилство (РБН), со особено внимание кон потребите на лицата со попреченост. Неговата содржина се темели на меѓународни стандарди, добри практики и препораки на Светската здравствена организација (СЗО).
Што содржи прирачникот?
Прирачникот опфаќа:
- Разбирање на концептот на родово базирано насилство и дискриминација;
- Улогата на здравствениот систем и здравствените работници во спречување, откривање и упатување;
- Идентификација на знаци на насилство;
- Комуникација и интервенција кај лица со различни видови попреченост;
- Медицински преглед, третман, процена на ризик и планирање на безбедност;
- Документирање и известување во случаи на РБН;
- Институционална рамка и мултисекторски пристап.
Со интегрирање на пристапот базиран на човекови права, овој прирачник ги поставува жртвите на РБН во центарот на вниманието и обезбедува алатки за достоинствено и ефикасно постапување.
Прирачникот е создаден за сите здравствени работници – лекари, гинеколози, акушери, медицински сестри, како и за креатори на здравствени политики и истражувачи, кои сакаат да придонесат кон изградба на систем кој активно препознава, превенира и одговара на РБН.
Прирачникот е достапен на следниот линк:
Да изградиме здравствен систем кој не само што лекува, туку и заштитува.