Повик за ангажман на 16 регионални обучувачи за проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“

„Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски, социјален, етнички или расен статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“  е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.

1.1. Ангажман и работни задачи

Во рамки на проектот, ќе бидат ангажирани 16 лица –  регионални обучувачи, кои претходно ќе учествуваат како слушачи на обуката за обучувачи (Training of Trainers – ToT) и потоа ќе реализираат дводневна регионална обука.

Ангажираните регионални обучувачи ќе бидат задолжени за следните задачи:

  • Учество како слушачи на дводневната обука за обучувачи, организирана во рамки на проектот на 26, 27 и 28 април;
  • Реализација на еден ден од (2) дводневна обука за доктори/здравствени работници, сестри, акушерки, помошен персонал, од сите три нивоа на здравствена заштита и од јавни и приватни установи.согласно однапред подготвена програма и модули;
  • Реализација на пред – тест и пост-тест
  • Пренесување на стекнатите знаења и практики од обуката за обучувачи на регионално ниво;
  • Фацилитирање на дискусии и интерактивни сесии со учесниците на регионалната обука;
  • Координација со проектниот тим во однос на организацијата, агендата и известувањето за реализираната обука.

1.2. Очекувани резултати

  • Успешно реализиран еден ден на дводневна обука во секој регион со 20 учесници на една обука;
  • Зајакнати капацитети на докторите и здравствените работници на регионално ниво;
  • Обезбедена конзистентност во пренесувањето на знаењата од национално кон регионално ниво;
  • Подобра информираност и примена на темите опфатени со обуката во секој регион.

1.3. Квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Универзитетска диплома од областа на здравството (доктор по медицина);
  • Специјалист или специјализант по гинекологија и акушерство
  • Задолжително учество како слушач на обуката за обучувачи (ToT) во рамки на проектот;
  • Подготвеност за реализација на едукативна активност;
  • Основно познавање на темите опфатени со обуката (законска рамка, професионални стандарди и практики во здравството).

1.4. Вештини и компетенции

  • Добри комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за работа со колеги и професионални групи;
  • Подготвеност за фацилитирање дискусии и размена на искуства;
  • Одговорност и почитување на однапред утврдената програма;
  • Способност за навремено известување и соработка со проектниот тим.

1.5. Буџет и времетраење

За  ангажманот на секој одбран обучувач предвиден е финансиски надомест во износ од 167 евра бруто по спроведна обука. 

Исплатата на договорениот надомест ќе се изврши на трансакциска сметка на обучувачот по завршување на обуката. 

Датумот на спроведување на обуката ќе биде дополнително договорен со проектниот тим по завршување на обуката за обучувачи. 1.6. Потребна документација за аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратко мотивациско писмо (до 1 страница) со изразен интерес за учество и подготвеност за реализација на регионална обука;
  • Биографија (CV) со основни податоци за професионалното искуство;
  • Попишан Изјавата за отстуство на судир на интереси. Изјавата може да ја превземете од следниот линк

Потребната документација да се достави по електронска пошта на адресата contact@agom.org.mk или mkd.mago@gmail.com, со назнака: „Повик за ангажман на Регионални обучувачи за реализација на еднодневни обуки во здравствениот сект’: Рок за аплицирање до 19.03.2026 година