Почитувани колеги,
Во месец септември 2026 година ќе се одржат неколку работилници наменети за здравствените работници, а поврзани со зајакнување на капацитетите на здравствените работници за препознавање, проценка и соработка во справувањето со родово базираното и семејното насилство. Темата овозможува континуирана едукација на здравствените работници (гинеколози, примарни гинеколози, матични и семејни лекари) , и се обработува на работилници во неколки града во Македонија.
Работилниците „Основна обука за здравствени работници за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство“, се организирани од Хелсиншки Комитет, МАГО и се поддржани од УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации и Британска амбасада во Скопје, и е акредитирана со 8 бодови во ЛКРСМ..
Датум и локација: Скопје 16 септември, Тетово 17 септември, Прилеп 19 септември и Штип 26 септември
Линк за регистрација: https://forms.gle/Roo3sz1pGmcStpzV8
Предавачи на работилницата: Проф. д-р Катарина Ставриќ – Катедра за Семејна медицина, Проф. д-р Даниела Иванова Панова – ЈЗУ ГАК Скопје, Нермина Факовиќ- Министерство за Здравство, Диана Додески- Министерство за Здравство, Џемиле Алиљи – Министерство за Здравство
Агенда
09:30 – 10:00 Регистрација
10:00-10:30 Поздравни обраќања, вовед и претставување на активностите на обуката и самоевалуација пред обуката
Модул 1: Родова еднаквост, родови улоги и насилство врз жени
10:30 – 11:15 Родово разбирање на Насилство врз жените, дефиниции и истражувања
Модул 2: Облици на родово базирано насилство врз жените
11:15-12:00 Нормативна рамка : Физичко и сексуално насилство, психолошко и економско насилство
12:00 – 12:45 Ручек
Модул 3: Превенција и откривање
12:45 – 13:30 Препознавање и знаци на насилство врз жените
13:30 – 14:15 Последици од Насилство врз жените и препознавање на траума
14:15 – 14:30 Кафе пауза
Модул 4: Сигурност и заштита на жртва
14:30 – 15:15 Поставување на жртвата во центарот на интервенцијата
15:15 – 16:00 Идентификација и проценка на ризик
16: 00 – 16:30 Институционален одговор на Насилство врз жените -планирање на безбедноста, упатување и соработка
16:30 – 17:00 Евалуација на знаењата и завршни зборови
