Повик Програмски координатор

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), со поддршка на UNFPA, објавува повик за ангажирање на програмски координатор за едукативни активности за сексуално и репродуктивно здравје и ХПВ вакцинација.

  • Период на ангажман: 1–31 декември 2026
  • Вид на договор: договор за дело / авторски договор
  • Надоместок: 1.000 USD бруто (во денарска противвредност)
  • Локација: Скопје

Задачи

  • Изработка на детален работен план
  • Избор и координација на докторите предавачи, во соработка со Управниот одбор на МАГО
  • Усогласување на содржината на предавањата и едукативните материјали (презентации за двете предавања, ревизија на текст од претстава, прашања за квиз)
  • Подготовка на финален наративен извештај до UNFPA

Услови

  • Специјалист по гинекологија
  • Најмалку 5 години искуство во координација на проекти во здравството или едукацијата
  • Искуство со темите сексуално и репродуктивно здравје или работа со ранливи заедници е предност
  • Одлични комуникациски и организациски вештини; искуство со известување кон меѓународни организации
  • Познавање на англиски јазик

Потребни документи

  • Биографија (CV)
  • Мотивациско писмо (до 1 страна) со краток предлог како би се организирале активностите во зададениот рок
  • Контакт на една референтна личност

Критериуми за избор

КритериумПоени
Искуство во координација на проекти40
Искуство со СРЗ и ранливи заедници30
Мотивациско писмо и предлог20
Јазици (англиски)10

Пријавување: документите се испраќаат на mkd.mago@gmail.com со наслов „Пријава – Програмски координатор UNFPA“, најдоцна до 28 ноември 2026 во 16:00 часот. Во тесниот избор кандидатите може да бидат поканети на краток разговор.