МАГО, со поддршка на UNFPA, објавува повик за ангажирање на оперативен координатор за логистичка поддршка на едукативните активности во ромските заедници и во средните училишта во Скопје.
- Период на ангажман: 1–31 декември 2026
- Вид на договор: договор за дело
- Надоместок: 1.000 USD бруто (во денарска противвредност)
- Локација: Скопје, со присуство на сите 12 теренски настани (8 предавања, 3 претстави и 1завршен настан)
Задачи
- Обезбедување простории во училишта и ромски организации и потврдување на термините
- Воспоставување соработка со ромски организации, ромски здравствени медијатори и средни училишта
- Мобилизација на учеснички (мајки и девојчиња) преку локални партнери и ромски здравствени медијатори
- Комуникација со 3-те средни училишта во Град Скопје за реализација на предавањата со претстава и завршниот настан со квиз
- Организација на транспорт на тимот и соработка со избраната транспортна компанија
- Координација на исплати
- Водење листи на присутни, фотодокументација и евалуациски прашалници
- Логистичка поддршка за Активност 2: предавањата со претстава во средните училишта и завршниот настан со квиз за ХПВ
- Подготовка на финансиски извештај согласно критериумите на UNFPA
Услови
- Најмалку средно образование; високо образование е предност
- Најмалку 5 години искуство во организација на настани, теренски активности или проектна администрација
- Сензибилизирана личност за работа со маргинализирани лица
- Искуство со известување во формат на ОН (UN)
- Работа со Adobe Suite, WordPress, Mailchimp, Office Suite
- Визуелни и текстуални објави на социјалните мрежи на МАГО
- Технички познавања за работа со аудио и видео опрема
- Возачка дозвола и достапност за патување низ земјата
Потребни документи
- Биографија (CV)
- Кратко мотивациско писмо (до 1 страна)
Критериуми за избор
| Критериум | Поени |
| Искуство во организација на настани и теренска логистика | 30 |
| Работа со маргинализирани заедници (вклучително ромската заедница) | 20 |
| Дигитални вештини и објави за социјални мрежи (Adobe Suite, WordPress, Mailchimp), оценети преку примерите | 20 |
| Искуство со известување во формат на ОН | 15 |
| Технички познавања за аудио и видео опрема | 5 |
| Мотивациско писмо и достапност | 10 |
| Вкупно | 100 |
Пријавување: на mkd.mago@gmail.com со наслов „Пријава – Оперативен координатор UNFPA“, најдоцна до 28 ноември 2026 во 16:00 часот.
