Оперативен координатор за Конгрес на МАГО

Цел на позицијата: да ги поврзе Претседателот, одборите, фирмите и спонзорите во еден јасен план, и да обезбеди конгресот да се одржи на време, во рамки на буџетот и со целниот број учесници и спонзори.

1. Координација со Претседателот и одборите на конгресот

  • Организирање и водење записници од редовни седници на Организацискиот и Научниот одбор
  • Изработка и следење на детален термински план со задачи, одговорни лица и рокови
  • Неделен извештај до Претседателот за статус, ризици и одлуки што се чекаат
  • Поддршка на Научниот одбор: покани до домашни и странски предавачи, повик за абстракти, рецензија и известување на авторите – техничка поддршка
  • Координација со графички дизајнер за составување на научната програма и книгата на абстракти
  • Координација со туристичката агенција за поканети предавачи: авионски билети, хотел, трансфер, дочек, хонорари
  • Техничка поддршка за акредитација на конгресот во Лекарската комора (и по можност EBCOG/UEMS-EACCME)
  • Техничка поддршка за координација на покровителства (Министерство за здравство, Медицински факултет, меѓународни здруженија)
  • Протокол за свечено отворање: гости, говорници, награди и признанија

2. Координација со фирми и добавувачи

  • Договарање со фирми за аудио-визуелна техника, симултано преведување, пренос во живо и хибридно учество
  • Кетеринг, свечена вечера, културна програма и излети за придружни лица
  • Печатница и дизајнер за визуелен идентитет, програма, беџови, банери, конгресни торби и сертификати
  • Систем за онлајн регистрација, плаќање котизација
  • Координација со агенција за превоз и сместување за учесници
  • Фотограф и видео продукција
  • Следење на договори, фактури и рокови за испорака

3. Промоција и наоѓање спонзори

  • Изработка на спонзорски пакети (на пр. генерален, златен, сребрен, бронзен спонзор) со јасни придобки
  • Презентација за спонзори (sponsorship prospectus) со податоци за очекуван број и профил на учесници
  • База на потенцијални спонзори: фармацевтски компании, фирми за медицинска опрема и ултразвук, лаборатории, приватни болници, IVF центри, банки, осигурителни компании, детски производи
  • Организирање на состаноци и преговори со спонзорите, подготовка на договори
  • План на изложбен простор и распределба на штандови
  • Грижа за исполнување на сите ветени придобки и завршен извештај за секој спонзор
  • Усогласеност со етичките кодекси за соработка со фармацевтската индустрија

4. Промоција на конгресот на социјалните мрежи и медиумите

  • Веб-страна на конгресот (програма, предавачи, регистрација, сместување, спонзори)
  • Save the date кампања и е-пошта до членови, регионални здруженија и факултети
  • Одбројување на социјални мрежи до конгресот, претставување на предавачите („Запознајте го предавачот“)
  • Рекламирање на Facebook, Instagram и LinkedIn насочено кон гинеколози во регионот
  • Објави во календари на меѓународни здруженија и медицински портали
  • Промоција на регионални конгреси и средби пред нашиот конгрес
  • Прес-конференција пред конгресот, прес-центар и акредитација на новинари за време на конгресот
  • Договарање интервјуа со предавачи и Претседателот
  • Известување во живо за време на конгресот (фотографии, stories, кратки изјави)
  • Завршно соопштение, видео рекапитулација и благодарници до спонзорите

5. Активности по фази

  1. Декември – јануари покани до предавачи, повик за абстракти, отворање регистрација со рана котизација, состаноци со спонзори, акредитација
  2. Декември – април потпишување договори со спонзори и фирми, рецензија на абстракти, прелиминарна програма, кампања на социјални мрежи
  3. Април финална програма, печатење материјали, логистика за предавачи, обука на волонтери (студенти, специјализанти)
  4. За време на конгресот: координација со регистрациската маса, следење на сесиите и техниката, грижа за гости и спонзори, решавање на тековни проблеми, медиуми
  5. По настанот: сертификати и КМЕ бодови, анкета за задоволство, финансиски и наративен извештај, извештаи до спонзори, објава на абстракти и презентации, поуки за следниот конгрес

Квалификации и показатели за успешност

Потребни квалификации и вештини

 Оперативен координатор за Конгрес
ОбразованиеВисоко
ИскуствоНајмалку 5 години во организација на конференции или продажба на спонзорства
ЈазициМакедонски и англиски на напредно ниво
Дигитални вештиниСистеми за регистрација, Excel/табели, алатки за управување со проекти
Клучни вештиниПреговарање, продажба, работа под притисок и рокови
ПредностКонтакти со фармацевтски, медицински компании, медиуми, продуцентско искуство

Показатели за успешност

ПозицијаПоказател
Координатор за КонгресБрој на регистрирани учесници и пријавени абстракти наспрема целта
Координатор за КонгресИзнос на собрани спонзорства и број на спонзори
Координатор за КонгресРеализација во рамки на буџетот и роковите
Координатор за КонгресОцена од анкетата за задоволство на учесници и спонзори
Координатор за КонгресБрој на медиумски објави и досег на кампањата
  • Период на ангажман: 1 декември 2026 – 1 јуни 2027
  • Вид на договор: договор за дело
  • Надоместок: 1.000 USD бруто (во денарска противвредност)

Пријавување: на mkd.mago@gmail.com со наслов „Пријава – Оперативен координатор“, најдоцна до 30 ноември 2026 во 16:00 часот.

Categories: Разно