Традиционално симпозиумот Недела на женско здравје оваа година под мотото „Сакај се себе. Сакај го своето здравје!“ ќе се одржи во сабота на 17 мај 2025 во хотелот Холидеј Ин Скопје, и претставува уникатна можност да се собереме сите заедно на едно место, да поразговараме за актуелните теми по гинекологија и акушерство и да се дружиме.
За прв пат презентацијата на темите и дискусијата ќе бидат многу поинтерактивни со ставови за поддршка и против употребата на определени медицински методи, средства, лекови и терапии. Целта ни е да ги поттикнеме вашите отворени дискусии на определени теми, а еминентните предавачи Ви ги приближат најновите сознанија од областа.
Би сакале што поголем број од вас да се пријават за учество за да може да се подигне нивото на дискусијата, а и што поголем број од Вас да добијат правилни и точни медицински информации.
Да Ве потсетиме дека ваков тип на симпозиум и пријавените апстракти носат многу вредни бодови за акредитацијата во МЛД и ЛКРСМ (овој симпозиум носи 11 бода).
Знаеме дека дел од вас се презафатени и некои од многуте обврски Ве оневозможиле до сега да формално се пријавите (иако повеќето усно го потврдија своето учество) затоа до 30 април 2025 год ќе важи намалената котизација и пријавување на апстракти (максимум до седум апстракти).
Оваа средба не е само научна, не е само стручна туку и колегијално обединување на сите лекари гинеколози акушери во земјава и секако сем времето за дискусија ќе организираме и социјално дружење.
Многу ми е драго што со големи напори наместо еднаш во четри години, се дружиме секоја година и остануваме во контакт.
Искрено ваш,
Проф. д-р Глигор Тофоски линкови слика чланарина
АГЕНДА
08:30-09:00 Регистрација
09:00-09:30 Воведно обраќање и отворање на настанот
Проф. д-р Глигор Тофоски – Претседател на МАГО
Јовица Андоновски – Заменик Министер за здравство
Сашо Клековски – Директор на ФЗО
Проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев – Директор на ЈЗУ У ГАК
Афродита Шаља – Шефица на канцеларија на УНФПА
Проф. д-р Горан Димитров – Претседател на МЛД и потпреседател на МАГО
09:30-10:00 Презентација на Прирачникот за скрининг и дијагностика на нарушувањата на менталното здравје во претконцепциски и перинатален период – Проф. Д-р Славица Арсова
10:00-11:10 Сесија 1: „ХПВ вакцинација и асоцирани болести – Една вакцина за сите” – Поддржано од Алкалоид Конс и МСД
Проф. д-р Горан Димитров – „Родово неутрална вакцина“
Проф. д-р Ирена Алексиоска – „Вакцинација кај возрасни“
Проф. д-р Елена Џикова – „Вакцијација и ХПВ кај бремени“
Модератор на сесијата Проф. д-р Глигор Тофоски
11:10 – 11:30 Кафе пауза поддржана од Carsopharm
11:30- 12:40 Сесија 2: „Употреба на стандардни и нови методи во третманот на урогинеколошките заболувања“ – Поддржано од GyneCara
Проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев
Спец. д-р Никола Баџаков
12:40 – 13:10 Симпозиум поддржан од Варус- „Нови перспективи во женската урогенитална хармонија“ – Спец. д-р Корнелија Трајкова
13:10-14:10 Ручек
14:10-15:20 Сесија 3 „Реална потреба од супортивна и додатна терапија пред и после IVF?”
Спец. д-р Бојаџиев Александар – “Влијание на животниот стил и витамински суплементи при IVF третмани“- поддржано од Тримекс
Спец. д-р Тања Гуржанова – „Употребата на фибринолитички агенси , кортикостероиди и имуносупресивна терапија при IVF циклуси“
Модератор на сесијата Проф. д-р Глигор Тофоски
15:20-15:50 Симпозиум поддржан од Реплек -„Современ пристап во лекување на генитални инфекции со комбинирана терапија“- Спец. д-р Радица Бојчева
15:50 – 16:20 Кафе пауза
16:20-17:30 “Сесија 4 – Ултразвучен фетален скрининг и PRISCA VS Неинвазивна пренатална дијагностика”
Проф. д-р Иво Ќаев
Доц. д-р Горан Кочоски
Модератор на сесијата Спец. д-р Павле Димчев
Годишната членарина е со важност од месец јануари до месец декември во тековната година и истата можете да ја уплатите на следните три начини:
– онлајн на следниот линк https://mld.mk/pay/018mago/ ,
– на уплатница линк до уплатница:
– или со пристапница на 12 месечни рати по 100 денари месечно со одбивање од плата (https://agom.org.mk/wp-content/uploads/2022/08/Pristapnica-MAGO-_2022.pdf – потполнетата пристапница доставете ја во службата во установата каде што работите)