МАГО на XXI Конгрес на Македонското Лекарско Друштво (13 септември 2025)

Почитувани колеги,

Имаме чест и задоволство да Ве поканиме да земете активно учество на сесијата на МАГО, која ќе се одржи во рамки на XXI Конгрес на Македонското Лекарско Друштво, на 13 септември 2025 година (сабота), во периодот од 09:00 до 11:00 часот.

Сесијата ќе биде организирана во два тематски дела, секој со соодветен простор за дискусија.

I дел (09:00 – 10:00): ЕНДОМЕТРИОЗА

  • Проф. д-р Јадранка ГеоргиевскаМодерна дијагностика на ендометриоза
  • Доц. д-р Миле ТантуровскиХируршки третман на ендометриоза
  • Асс. д-р Наташа Илиева – Презентација на Леколид – препарат на природна база за третман на ендометриоза- поддржан од ОкталФарм

🔹 По предавањата ќе следува отворена дискусија со учество на присутните колеги.

II дел (10:00 – 11:00): ПЕРИМЕНОПАУЗА

  • Проф. д-р Глигор Тофоски и соработнициПрезентација на стручниот водич за перименопауза, подготвен во соработка помеѓу МАГО и ХЕРА
  • Асс. д-р Искра Дукова – Презентација на Menoelle plus– препарат за третман на симптоми на перименопауза поддржана од VARUS

🔹 И овој дел ќе заврши со стручна дискусија отворена за прашања и коментари од присутните.


🎓 Дополнително, Ве покануваме и на специјалниот Колпоскопски курс, кој ќе се одржи истиот ден, на 13 септември 2025 година, по паузата за ручек.


На курсот ќе учествуваат еминентни предавачи:


📌 Регистрацијата за учество на конгресот е достапна на следниот линк:
👉 Регистрациска форма

Со почит,
Проф. д-р Глигор Тофоски
Претседател на МАГО