

„Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“
Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.
Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски, социјален, етнички или расен статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.
Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.
Проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.
1.1. Ангажман и работни задачи
Експертот/експертката ќе биде задолжен/а за реализација на две задачи во рамки на проектот “Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата во здравството”:
Задача 1: Подготовка и спроведување на истражување помеѓу здравствени работници и соработници, како и истражување помеѓу менаџери од јавните здравствени установи. Истражувањето помеѓу здравствените работници и соработници има за цел да собере податоци по однос на перцепцијата, искуствата и одговорот на здравствените работници и соработници кон корупцијата во установите каде што работат. Истражувањето помеѓу менаџерите од јавните здравствени установи има за цел да даде увид во институционалните практики поврзани со корупцијата, механизмите за пријавување и недостатоци во отчетноста. Посебен фокус при прибирањето на податоците во двете истражувања е неопходно да се даде на родовиот аспект на корупцијата, вклучително и формите на корупција кон жените здравствени работнички и соработнички (пр. Сексуален фаворитизам, родова дискриминација на работното место и слично). Конкретните задачи вклучуваат:
- Преглед и дополнување на претходно подготвени: прашалник за спроведување на анонимна анкета за здравствени работници и соработници; прашалник за длабински интервјуа со менаџерите од јавните здравствени установи; аналитички извештај од истражувањето.
Задача 2: Подготовка и спроведување на клучни активности поврзани со имплементација на активности со цел јакнење на капацитетите на здравствените работници во насока на намалување на корупцијата во здравствените установи. Активностите и продуктите треба се засноваат врз основа на наодите од претходно спроведените истражувања спроведени во рамки на проектот “Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата во здравството”. Конкретните задачи вклучуваат:
Дизајнирање и подготовка на шест модули за обуката на обучувачи (Разбирање на корупцијата во здравството, Правна рамка и етички стандарди, Родови димензии на корупцијата, Препознавање и пријавување на корупцијата, Студии на случај и практични сценарија и Институционална одговорност и најдобри практики)
- Дизајнирање и подготовка на модули за обуката за обучувачи.
- Учество во подготовка на делови од прирачникот за обука и материјалите за обука за учесниците.
- Спроведување на дел од дво-дневната обука за обучувачи за 16 учесници.
- Дизајнирањето и подготовката на сите материјали треба да ја спроведе како дел од работна експертска група, во која покрај експертот/експертката ќе учествуваат уште двајца експерти.
Експертот при спроведување на задачите потребно е да се координира и биде во тесна соработка со останатите експерти кои се ангажирани на проектот, како и да обезбеди експертиза и поддршка во спроведувањето на нивните задачи.
1.2. Очекуван резултат
Задача 1:
- Ревидирани и дополнети: прашалник за спроведување на анкета за здравствени работници и здравтсвени соработници; прашалник за спроведување на длабински интервјуа со менаџери од јавните здравствени установи; аналитички извештај со препораки базирани на истражувањето.
Задача 2:
- Подгтовени модули за обуката за обучувачи.
- Подготовени делови од прирачникот за учесници и материјалите за учесници на обуката за обучувачи.
- Спроведен дел од обуката за обучувачи врз основа на претходно подготвените материјали, во соработка со останатите двајца експерти.
1.3. Квалификации
- Универзитетска диплома во области како општествени науки, јавна администрација, право, едукација или сродни области (магистерски и докторски студии ќе се сметаат за предност).
- Дополнителни сертифицирани обуки во област на едукација за возрасни, развој на наставни програми или фацилитација ќе се сметаат за предност.
- Минимум 5 години работно искуство во областа на антикорупција.
- Претходно искуство во спроведување на истражувања во областа на антикорупција.
- Претходно искуство во спроведување на обуки/едукација од областа на антикорупција.
- Способност за работа во договорени рокови и координација со проектен тим.
1.4. Вештини и компетенции:
- Одлични аналитички и истражувачки способности, со можност за интегрирање на родова перспектива.
- Високо развиени комуникациски и фасилитаторски вештини.
- Способност за подготовка на едукативни материјали од областа на антикорупција, адаптирани за различни групи од населението.
1.5. Буџет и времетраење
За овој ангажман е предвиден финансиски надомест како хонорар во износ од 2.338 евра (бруто износ).
Ангажманот е предвиден да се одвива во период од 7 месеци и започнува на 15 октомври 2025 година, со следната временска рамка:
- Октомври 2025 година: Преглед и дополнување на претходно подготвените: прашалник за спроведување на анонимна анкета за здравствени работници и соработници; прашалник за длабински интервјуа со менаџерите од јавните здравствени установи.
- Декември 2025 година: Преглед и ревизија на претходно подготовен аналитички извештај од истражувањето.
- Јануари, февруари и март 2026 година: Дизајнирање и подготовка на модули за обуката, делови од содржина на прирачник за учесниците и материјали за учесниците на обуката за обучувачи;
- Април 2026 година: Спроведување на дел од дводневна обука за обучувачи за 16 учесници.
1.6. Потребна документација за аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратко мотивациско писмо (до 1 страница) со објаснување на интересот за ангажманот и релевантното искуство.
- Биографија (CV)со јасно наведено образование, професионално искуство и референтни проекти/анализи поврзани со антикорупција, јавни политики, здравство или родови прашања.
- Листа на изработени документи/извештаи/аналитички трудови(со краток опис на содржината и годината на изработка).
Потребната документација да се достави по електронска пошта на адресата contact@agom.org.mk или mkd.mago@gmail.com, со назнака: „Повик за ангажман на експерт/експертка од област на антикорупција за проектот Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ најдоцна до 9 октомври, 2025 година.
Продолжување на рокот за аплицирање до 15.10.2025 година

