Оваа работилница е базирана врз Националното упатство за практикување на медицина заснована на докази за кратки интервенции за откажување од тутун на ниво на примарна здравствена заштита и ќе овозможи практично имплементирање на унифицирани и стандардизирани национални насоки.
Ова упатство е изработено како дел од Двогодишниот договор за соработка помеѓу Светската здравствена организација (СЗО) и Министерството за здравство за 2024–2025 година , а организатор е Здружение на специјалисти по семејна медицина – респираторна група.
Наменета за здравствени професионалци во Примарна здравствена заштита: матичен лекар, семеен лекар, гинеколог, педијатар, стоматолог, медицински сестри вработени во ПЗЗ, фармацевти вработени во ПЗЗ.
Се планира хибриден модел на едукација.
1. Првиот дел од едукацијата КОЈ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ќе се спроведува он лајн преку portal.lkm.org.mk За медицински сестри може да го ислушаат првиот он лајн дел од работилницата преку Обуки Здравство
2. Вториот дел од работилницата во живо.Учесниците ќе може да се пријават на работилница Континуирана медицинска едукација каде учесниците ќе ги вежбаат стекнатите знаења во обработка на случаеви и играње на улоги каде што ќе може практично да применуваат различни модели на советување.
Првата он лајн работилница е акредитирана за слушатели во ЛКМ со 3 бода а втората во живо со 8 бода.