ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ЕКСПЕРТ/ЕКСПЕРТКА ОД ОБЛАСТ НА ЗДРАВСТВО И АНТИКОРУПЦИЈА ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата во здравството  

ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ЕКСПЕРТ/ЕКСПЕРТКА ОД ОБЛАСТ НА ЗДРАВСТВО И АНТИКОРУПЦИЈА ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

„Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски, социјален, етнички или расен статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан одФранцуската Развојна Агенција – Expertise France.

1.1. Ангажман и работни задачи

Експертот/експертката ќе биде задолжен/а за реализација на три задачи во рамки на проектот “Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата”:

Задача 1: Подготовка на прашалник за спроведување на анкета преку google forma на репрезентативен примерок од 400 испитаници здавствени работници и здравствени соработници со цел да се соберат репрезентативни, родово раздвоени податоци за искуствата и перцепциите на здравствените работници за корупцијата во здравствениот сектор во рамки на проектот. Конкретните задачи вклучуваат:

  • Подготвен сет на прашања за здравствени работници и здравствени соработници што директно се однесуваат на темата корупција во здравствениот систем.
  • Осигурена релевантност и јасност на прашањата во согласност со националниот контекст и праксата во здравството.
  • Валидација на прашањата во соработка со експерти од областите на антикорупција, здравствено законодавство и социјални науки.
  • Финална верзија на прашалниците подготвена за онлајн спроведување преку GDPR-усогласена платформа.

Задача 2: Подготовка на прашалник за спроведување на длабински интервјуа на 20 менаџери на јавни здравствени установи, со цел да се соберат репрезентативни, родово раздвоени податоци за искуствата и перцепциите на менаџерите на јавните здравствени установи за корупцијата во здравствениот сектор во рамки на проектот. Конкретните задачи вклучуваат:

  • Подготвен сет на прашања за менаџери од јавни здравствени установи.
  • Валидација на прашањата во соработка со експерти од областите на  антикорупција, здравствено законодавство и социјални науки.
  • Подготовка на финална верзија на прашалникот.

Задача 3:  Подготовка на сеопфатен извештај со наоди, интерпретација и препораки за намалување на коруптивните практики и унапредување на транспарентноста и отчетноста во здравството. Конкретните задачи вклучуваат:

  • Анализа и толкување на податоците од спроведеното истражување помеѓу здравствени работници и здравствени соработници.
  • Анализа и толкување на податоците од спроведените длабински интервјуа со менаџерите од здравствените установи.
  • Подготовка на извештај од спроведеното истражување помеѓу здравствените работници и соработници и помеѓу менаџерите од јавните здравствени установи со вклучени препораки за унапредување на состојбата.
  • Финализација на извештајот во соработка со експерти областите на  антикорупција, здравствено законодавство и социјални науки.
  • Подготовка на презентација со клучните наоди и препораките.

1.2. Очекувани резултати

  • Подготвен прашалник за здравствени работници и здравствени соработници. персонал.
  • Подготвен прашалник за менаџери во јавни здравствени установи. 
  • Подготвен извештај од истражувањето  со систематизирани наоди и препораки.

1.3. Квалификации

  • Универзитетска диплома во области како општествени науки, јавна администрација, право, здравство, едукација или сродни области (магистерски и докторски студии ќе се сметаат за предност).
  • Минимум 5 години работно искуство во областа на здравствената заштита.
  • Претходно искуство во спроведување на истражувања.
  • Способност за работа во договорени рокови и координација со проектен тим.

1.4. Вештини и компетенции:

  • Одлични аналитички и истражувачки способности, со можност за интегрирање на родова перспектива.
  • Високо развиени комуникациски и фацилитаторски вештини.
  • Способност за подготовка на едукативни материјали од областа на антикорупција, адаптирани за различни групи од населението.

1.5.  Буџет и времетраење

За овој ангажман е предвиден финансиски надомест како хонорар во износ од 2.171 евра (бруто износ).

 Ангажманот е предвиден да трае 3 месеци и започнува на 15 октомври  2025 година, со следната временска рамка:

  • Октомври 2025 година: Подготовка на прашалник за спроведување на анкета за здравствени работници и здравствени соработници и подготовка на прашалник за длабински интервјуа со менаџери до јавни здравствени установи.
  • Ноември 2025 година: обработка и анализа на прибраните податоци од спроведената анкета меѓу здравствените работници и соработници и на прибраните податоци од длабинските интервјуа со менаџерите од јавните здравствени установи. 
  • Декември 2025 година: Подготовка и финализација на извештајот од истражувањето.

1.6. Потребна документација за аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратко мотивациско писмо (до 1 страница) со објаснување на интересот за ангажманот и релевантното искуство.
  • Биографија (CV) со јасно наведено образование, професионално искуство и референтни проекти/анализи поврзани со антикорупција, јавни политики, здравство или родови прашања.
  • Листа на изработени документи/извештаи/аналитички трудови(со краток опис на содржината и годината на изработка).

Потребната документација да се достави по електронска пошта на адресата contact@agom.org.mk или mkd.mago@gmail.com, со назнака: „Повик за ангажман на експерт/експертка од област на антикорупција за проектот Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ најдоцна до 09 октомври, 2025 година.

Categories: Разно