Инфертилитет: што треба да знаете пред да започнете со лекување

„Патот до родителството е различен – но никој не треба да биде сам.“

  1. Што е инфертилитет?
Инфертилитет е неможност да се постигне бременост по 12 месеци редовни, незаштитени сексуални односи.
Чест е – погодува околу 1 од 6 парови.
Причината може да е кај жената, кај мажот или кај двајцата партнери.
  1. Кога да се побара медицинска помош?

Побарајте совет од Вашиот матичен лекар/матичен гинеколог ако:

  • се обидувате повеќе од 12 месеци (или, повеќе од 6 месеци доколку жената е над 35години);
  • менструалните циклусите се нередовни или изостануваат;
  • постои медицинска историја за:
  • ендометриоза; 
  • миоми; 
  • воспаленија или инфекции.
  • постои познат проблем со спермограмот на мажот.

Раната проценка = поголеми шанси за успех.

  1. Кои се најчести причини за инфертилитет?
Кај жените:
Кај мажите: 
Хормонални нарушувања (полицистичен оваријален синдром)Хормонални нарушувања
Проблеми со овулацијатаНамален број или слаб квалитет на сперматозоидите
Непроодни или оштетени тубиВарикоцела
Возраст – над 35 години (опаѓа резервата на јајни клетки)Инфекции или воспаленија
Ендометриоза
  1. Kои се можни знаци кои не треба да се игнорираат?
  • нередовни или болни менструални циклуси;
  • силни менструални болки или болка при сексуален однос;
  • чести или долготрајни воспаленија;
  • еректилни или ејакулаторни проблеми кај мажите. 

Инфертилитетот често нема јасни симптоми, затоа превентивните и навремени прегледи се клучни.

  1. Што можеш да направиш?
  • Процена кај матичен гинеколог/уролог:
  • гинеколошки преглед и ултразвук; 
  • хормонски статус;
  • спермограм.
  • Животен стил
  • намалување и одржување на здрава телесна тежина;
  • редовна физичка активност;
  • престанок на пушење;
  • ограничување/престанок на внес на алкохол;
  • намалување на стресот. 
  1. Кои се достапни методи на третман?

Во зависност од причината, возраста и индивидуалната состојба, постојат различни опции:

  • медикаментозна оваријална стимулација
  • интраутерина инсеминација
  • ин витро фертилизација (IVF)
  • индивидуален метод на третман на машкиот фактор

Современите методи овозможуваат високи стапки на успех, зависно од причината и возраста.

Митови и вистини

„Инфертилитетот е проблем само кај жената.“
✔️ Во околу 40% од случаите, причината е кај мажот.

„Подобро е да се почека – ќе се случи само од себе.“
✔️ Возраста игра важна улога, особено по 35 години.

„Ин витро фертилизација е последна надеж.“
✔️ IVF е докажана, безбедна и често успешна метода, не секогаш последна опција.

Емоционална поддршка – исто толку важна

Инфертилитетот може да биде емоционално исцрпувачки.

  • дозволете си да зборувате за чувствата
  • побарајте поддршка од партнерот
  • размислете за психолошко советување или групи за поддршка

Не сте сами. Поддршката е дел од третманот.

Инфертилитетот е чест, решлив, и не треба да биде табу.
Со рана проценка, точни информации и соодветна поддршка, шансите за успех значително се зголемуваат.

Грижете се за себе. Информирајте се. Побарајте помош навреме.

Оваа кампања е дел од проектот „Сексуално и репродуктивно здравје“ во реализација на МАГО а со поддршка на Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА)